• Горан Упале
Реал Мадрид има привремен тренер, но јасно е дека раководството на клубот бара трајно решение откако се раздели со Чаби Алонсо. Во саботата, навивачите на „кралскиот“ клуб го покажаа своето мислење за прекинувањето на соработката со легендарниот играч на Реал со континуирано исвиркување на играчите, а исто така е јасно дека Жозе Мурињо нема да го заземе неговото место.
Португалецот рече да не сметаат на него, иако медиумите на Пиринејскиот Полуостров веруваат дека „Специјалниот“ е еден од ретките кој има способност да ја сврти судбината во клубот од Мадрид.
„Не сметајте на мене за сапуници. Има добри сапуници, но се многу долги. Пропуштите една или две епизоди и потоа ја губите темата. Не сметајте на мене затоа што не гледам сапуници“, нагласи тренерот на Бенфика.
Мурињо го водеше клубот од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ од 2010 до 2013 година. Другото име кое најчесто се споменува е Јирген Клоп, но и Енцо Мареска, кој неодамна ја заврши соработката со Челзи.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.







