Мурињо не признава: Каква криза? Кога некоја екипа се бори како мојата...

Жозе Мурињо продолжи со лошите резултати на клупата на Тотенхем. „Петлите“ го загубија лондонското дерби против Вест Хем и продолжија во слободен пад во Премиер лигата,

Португалскиот тренер одбива секаков вид на тврдења дека тимот се наоѓа во криза. По мечот со „чеканите“ тој одново имаше одговор за критиките поради лошата резултатска форма.

„Криза? Каква криза? Не знам што мислиш под криза. Ако кризата е фрустрација и тага во соблекувалната, би рекол во ред, бидејќи никој не е среќен, сите го покажуваме тоа на овој меч. Но, кога тим се бори како што се боревме ние до последната секунда обидувајќи се да извлечеме поинаков резултат, таа група никогаш нема да биде во криза“, порача Мурињо.

Тотенхем има само една победа на последните пет првенствени натпревари. Тоа е доволно за деветто место и седум бода помалку од зоната која носи излез во Европа.