Мурињо: Не ми е гајле дали ќе влезам во историјата на Рома, сакам само...

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, втора година по ред ја предводи „волчицата“ до финале на европското натпреварување. Тимот од „вечниот град“ ќе се бори за трофејот во Лига Европа, а минатата сезона Мурињо на клубот му ја донесе титулата од Конференциската лига. Сепак, контроверзниот Португалец вели дека неговиот мотив не е да влезе во историјата на Рома.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Мурињо во солзи и со фановите на Рома прослави ново европско финале!

„Не ми е гајле дали ќе влезам во историските книги на Рома. За мене е важно да им помогнам на овие деца да пораснат, да научат како да постигнуваат одлични резултати. Исто така, важно ми е да направам навивачите на Рома да се чувствуваат добро - тие ми дадоа толку многу од првиот ден кога дојдов во клубот. Мојата радост е неизмерна“, изјави Жозе Мурињо по натпреварот.

Ривал на Рома во финалето на Лига Европа ќе ѝ биде Севиља, шесткратниот победник на ова натпреварување. Финалето на Лига Европа е закажано за 31 мај во Будимпешта.

Состави

Чаби Алонсо

3-4-2-1

    Жозе Мурињо

    3-4-3