• Горан Упале

Жозе Мурињо беше крајно бесен по дуелот на неговиот Фенербахче против Хајатспор. Турскиот гигант славеше минимална победа од 2-1, но и покрај тоа португалскиот стратег одново јавно зборуваше за ситуацијата во турскиот фудбал.
„Единствено што можам да кажам е дека по 25 години како тренер и 35 години во фудбалот, десет како асистент, никогаш не сум видел вакво нешто. Таа добива димензии кои го надминуваат она што човекот може да го разбере.
Мислам дека ова не е ситуација во која клубот со својата борба може да уништи толку силен систем. Ова е вашата лига. Ова е лигата на секое дете кое сака фудбал, кое сонува да стане фудбалер, секое дете кое го сака овој клуб. Ако сте задоволни од тоа што се случува, тогаш ништо.
Вчера сите велеа „скандал, скандал, скандал“. Научив нов збор - скандал. Сите само го изговараат тој збор. Во оваа земја сите го сакаат тој збор. Дури и победниците го сакаат зборот скандал. И тоа е најлошото од сè. Сакаат да победат по секоја цена, а тоа е најлошото“, рече Моурињо.
По половина сезоната Фенербахче е на втората позиција на таблета со осум бода помалку од лидерот Галатасарај.