Мурињо најавува дека и неговиот син е блиску да стане „специјален“

Жозе Мурињо јуниор тренер

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, открива дека неговиот син е на добар пат да ги следи неговите стапки и да стане тактички гениј. Жозе Јуниор, кој претходно беше голман на екипата на Фулам, во последните неколку месеци е дел од тимот на португалскиот тренер со цел да собере работно искуство.

Мурињо вели дека е импресиониран од анализата на неговиот син за поразите на „црвените ѓаволи“ оваа сезона.

„Во период кога врзавме неколку лоши резултати, тој дојде во мојата канцеларија со анализа зошто тоа се случува. Секако, со цел да му помогне на својот татко, кој имаше потешкотии во работата. Загубивме од Вотфорд и Манчестер Сити, што го натера да ми ги претстави статистиките на мојот тим. Му ги покажав на моите асистенти и им порачав да внимаваат, бидејќи еден ден ова младо момче би можело да застане на нивните места. Го споредив со мене на истата возраст, бидејќи и јас го правев истото за да му помогнам на мојот татко“, вели Португалецот.

 

Јунајтед потфрли со својата игра и резултати во тековната сезона во која се наоѓа на второто место во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите (ЛШ) заработи изненадувачка елиминација во четвртфиналето од Севиља.