Мурињо: Ми го навредуваа семејството и Интер цел натпревар, затоа така реагирав

Кога никој не очекуваше, Манчестер Јунајтед постигна два гола во Торино и го совлада Јувентус со 1-2 во дерби натпреварот од 4. кол на групата Х на Лигата на шампионите. Но, наместо стрелците да бидат главни протагонисти, по натпреварот сите зборуваат за Мурињо и неговата реакција.

Неколку минути по влегувањето во соблекувалните, Мурињо во микс-зоната го објасни својот гест.

„Бев навредуван 90 минути, можеби не требаше да го направам тој гест, но мислам дека не повредив никого. Фановите на Јуве го навредуваа моето семејство, како и семејството Интер. Тоа не е добар гест и затоа реагирав така. Што се однесува до натпреварот, ова беше нашето максимално издание против екипа која не е наша категорија“, истакна Португалецот.

Мурињо и Јуве имаат стари сметки уште од периодот на Португалецот минат во Серија А, а сега се разгореа со двата дуели на Јуве и Јунајтед, во кој менаџерот возврати на провокациите од тифозите на „старата дама“.