Мурињо: Медиумите пишуваат лаги, не сум барал такво нешто на состанокот

Жозе Мурињо, менаџерот на Тотенхем, ги демантираше пишувањата на британските медиуми дека барал ново одложување на Премиер лигата. 

Пред неколку дена бројни медиуми од Островот шпекулираа дека „Специјалниот“ барал сезоната да продолжи што подоцна, за фудбалерите да имаат повеќе време за подготовки. 

„Мојот став на состанокот не беше пренесен како што треба. Не барам никакво одложување. Сакам фудбалот да се врати што побрзо и едвај чекам повторно да се надмудрувам во Премиер лигата. Секој фудбалер напорно работеше во овој период и му недостигаат само групните тренинзи“, вели Мурињо. 

Доколку нема нови промени, премиерлигашите од следната седмица ќе им се вратат на тренинзите, а сезоната би требало да продолжи на 13 јуни.