• Горан Упале
Жозе Мурињо беше видно незадоволен по драматичната елиминација на Фенербахче од Лига Европа. Во првиот осминафинален натпревар турскиот клуб загуби со 1-3 од Ренџерс во Истанбул, но потоа го победи со 0-2 во реваншот во Глазгов. Конечниот победник беше решен по изведувањето на пеналите, во кои поуспешни беа домаќините (3-2).
„Се надевам дека сè што ми се случува во европските натпреварувања не е последица на финалето на Лига Европа во 2023 година во Будимпешта, туку дека е случајност. Затоа што после тоа финале и откако бев суспендиран, почнаа да ми се случуваат чудни работи.
Не игравме во Лигата на шампионите поради пенал во 120. минута, кој го виде само четвртиот судија. Сега стигнавме до реваншот од осминафиналето на Лига Европа и најдобриот ВАР судија не виде ниту еден од трите пенали. Се надевам дека е случајност. Ја платив суспензијата од 2023 година и се надевам дека конечно ќе заврши. Се молам дека сето ова е само несреќа“, рече Моу.
Финалето за кое зборува е во Лигата Европа. Пред две години Моруњо беше на чело на Рома, која во мечот за трофеј се сретна со Севиља. Шпанците победија на пенали, а Мурињо по мечот збесна на судиите. Што се однесува до контроверзната елиминација од Лигата на шампионите што ја споменува, се работи за оваа сезона.