• Горан Упале

Жозе Мурињо го минува можеби најлошиот период во својата богата менаџерска кариера, затоа што неговиот Тотенхем бележи само лоши резултати во Премиер лигата.
Англискиот гигант вечерва ќе го одигра реванш дуелот од првата елиминациона фаза од Лигата на Европа, против Волфсбергер, а португалскиот стратег најави дека неговиот тим оваа сезона ќе атакува токму на трофејот во ова натпреварување.
„Мирен сум и спокоен. Самоуверен во себе и во она што го работам. Не сум задоволен, но зрелоста ми помага да имам самодоверба. Верувам дека ќе ја освоиме Лигата на Европа и дека во историјата на Тотенхем ќе бидам запаметен по добри нешта, не по лоши“, вели „специјланиот“
Дека Мурињо е во незавидна ситуација говори и статистиката дека на првите 50 натпревари на чело на Тотенхем собрал помалку бодови во споредба со истиот период во Порто, Челзи (двапати), Интер, Реал и Манчестер Јунајтед.