• Саше Љолес
Жозе Мурињо повторно е актуелен во јавноста откако беше обвинет за „расистички и ксенофобични“ коментари против турскиот народ и играчите на Галатасарај.
Португалецот даде изјава откако турската федерација му ја намали суспензијата од два на само еден меч, велејќи дека неговите коментари биле издржани и сосема легитимни.
„Можат да ме казнуваат до смрт, но и самите знаат дека тоа што го зборувам е вистина. Никогаш не сум бил расист, ниту, пак, човек кој си дозволува да навредува еден цел народ.
Тие што сакаат да ја искриват вистината се неодговорни и лоши луѓе. Ако некому му пречи нашиот успех, нека му е на чест. Фенербахче до самиот крај ќе се бори за титулата“, рече Мурињо.
Фенербахче има заостанување од четирир бода зад водечкиот Галатасарај. До крајот на турското првенство остануваат уште единаесет кола.