Мурињо ја образложи одлуката и главната причина за потписот со Рома

Мурињо Рома

Фудбалскиот свет беше изненаден од информацијата поврзана со новиот ангажман на Жозе Мурињо. Трофејниот тренер ќе ја продолжи кариерата во Италија, каде ќе застане на клупата на Рома.

Португалскиот стратег се раздели со Тотенхем поради лошата сезона. Иако најавуваше пауза, веднаш пронајде нова екипа, а ја откри главната причина поради која одлучи да се пресели во „вечниот град“.

„Заедно со клубот сакам да запишам успех во годините кои доаѓаат. Уникатната пасија на навивачите на Рома ме освои и ме натера да дојдам тука. Едвај чекам да започнам со работа наредната сезона.

По разговор со сопствениците веднаш станав фан на амбициите на клубот. Таа пасија секогаш ме водела во кариерата“, порача Мурињо.

Договорот на „специјалниот“ со италијанскиот гигант е до јуни 2024 година. Ова е втора етапа за Мурињо во Италија, по успешното водење на Интер во претходната декада.