Мурињо им се доверил на пријателите: Одам во Манчестер Јунајтед!

Британскиот весник „Дејли мејл“ тврди дека Жозе Мурињо од следната сезона ќе го води Манчестер Јунајтед. Имено, Португалецот му се доверил на негов пријател дека сите детали се договорени и дека тој ќе потпише тригодишен договор со „црвените ѓаволи“.

Мурињо сака да остане во Англија и заради темпото на живот, компетитивноста на лигата, но и заради едукацијата не неговите деца.

Клубот од „Олд Трафорд“ ќе го раскине договорот на Луј Ван Гал пред истекот, а и Холанѓанецот нема да тагува, бидејќи одамна најавува дека ќе ја заврши тренерската кариера. Во Манчестер Јунајтед во ниту еден момент не се почувствува како оној тренер околу кој клубот ја гради иднината.