• Горан Упале
Фенербахче по голема борба успеа да го совлада Трабзон на гости со 2-3, а победничкиот гол беше постигна во судиското надополнување.
Сепак, и покрај трите бода, Жозе Мурињо имаше за што да жали по натпреварот. А тоа се судиите.
„Играч на натпреварот беше Атила Каролан, судијата од ВАР просторијата. Не го видовме, но всушност беше судија. Тој од невидлив, стана најважниот човек на теренот. Мислам дека зборувам за има на сите навивачи на Фенербахче. Не го сакаме повеќе, затоа што смрди. Не го сакаме на теренот или во ВАР-собата“, изјави Мурињо.
Потоа легендарниот стратег доби прашање дали се кае што дојде во Турција.
„Ме измамија кога дојдов. Ми кажаа само дел од вистината со која треба да се борам. Се бориме против системот, кој е во служба на еден клуб. Сепак, нема да се предадеме, бидејќи сме на вистинската страна“, изјави Мурињо.
По десет одиграни кола Фенербахче е втор на табелата со пет бода помалку од лидерот Галатасарај.