• Мартин Танасковски

Рома на домашен терен беше подобра од Каљари (1-0) и така „волчицата“ им се врати на победите по три кола во Серија А, иако немаше да биде незаслужено гостинот за Сардинија да си замине со бод.
- Рома - Каљари 1-0:
Домаќинот на „Олимпико“ имаше повеќе шанси. Избраниците на Мурињо ја контролираа играта и водеа, но во финишот можеа да останат лесно без полн плен да не беше голманот Руи Патрисио. Чуварот на мрежата на Рома спаси две добри шанси за гол, првата во 84. минута, а втората во 92. минута.
Човек на одлука беше португалскиот фудбалер Серџо Оливеира. Рома во 33. минута доби пенал благодарение на ВАР, а тој го претвори во погодок. И претходно, а и по голот, Рома имаше повеќе шанси, но не ги искористи.
За Рома ова беше прва победа во последните четири кола. Следната рунда носи гостување кај Емполи.
- Венеција - Емполи 1-1:
На дебито на Португалецот Нани, Венеција и Емполи играа без победник 1-1.