• Саше Љолес
Германскиот Шалке 04 официјално потврди дека на 16 август ќе го пречека Реал Мадрид во пријателски натпревар што ќе се одигра на „Фелтинс Арена“.
Средбата ќе биде организирана по повод 25-годишнината од отворањето на стадионот во Гелзенкирхен, а почетокот е закажан за 17:00 часот.
„Среќни сме што летните подготовки ќе ги завршиме против клуб со ваков углед. Веруваме дека навивачите ќе уживаат во вистински фудбалски спектакл на нашиот стадион“, изјави членот на управниот одбор на Шалке, Франк Бауман.
Според германските медиуми, ова ќе биде последниот контролен натпревар за двата клуба пред стартот на новата сезона во Бундеслигата и Примера.

