Мурињо: Гвардиола има една титула повеќе? Да останев во Интер и Порто...

Мурињо Гвардиола

Името на Жозе Мурињо често е главна тема во фудбалскиот свет, иако тој моментално е без клуб.

Неговиот агент напорно работи за да му обезбеди нов ангажман, но засега тоа е безуспешно. Сите екипи кои се интересни за него, или ги немаат финансиите, или пак, не сакаат да се разделат од своите тренери.

Работата како аналитичар на португалскиот стратег му годи бидејќи како што вели има можност да гледа на фудбалот од друг аспект.

Пред неколку дена Пеп Гвардиола стана шампион на Англија со Манчестер Сити и стигна до 26. титула во кариерата. Сега Мурињо има еден трофеј помалку од Шпанецот, а одговорот зошто е тоа така му е краток и јасен, и секако, во негов препознатлив стил.

„Тоа ми дава до знаење дека уште сум тука и добро си ја вршам работата. Ако останев во Порто и Интер по шампинските сезони, досега ќе имав 31 трофеј. Можеби не сум фанатик за бројки, има други работи во оваа работа кои ми се поважни...“ , гласеше краткиот коментар на Португалецот.

Баерн Минхен, ПСЖ, Рома, Монако и Лион се само дел од екипите кои се поврзаа со името на „специјалниот“ во последните неколку месеци.