• Мартин Танасковски
Предводникот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, направил џентлменски потег и по натпреварот против Севиља во Лигата на шампионите го поздравил секој фудбалер како и тренерот Винченцо Монтела.
Шпански „АС“ пишува дека Мурињо по завршувањето на средбата на „Олд Трафорд“ и големата победа на тимот од Андалузија (1-2) за пласман во наредната фаза, отишол во соблекувалната на противникот, се ракувал со секој фудбалер и им честитал на успехот, а исто така, имал и разговор со Монтела.
Севиља испиша историја и со успехот во Манчестер за првпат по 60 години ќе игра четвртфинале во Лигата на шампионите.