Мурињо го „пецна“ Клоп: Не му се допадна менито... сакаше месо, а доби риба!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо моментално работи како стручен коментатор, а по англиското дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул ја коментираше една од изјавите на Јирген Клоп и го „пецна“ Германецот.

Клоп се пожали на тактиката на „ѓаволите“ и ја нарече дефанзивна.

„Откога сум во Англија, Манчестер Јунајтед имаат наместен тим како да треба да искачуваш планина. Еден тим се брани, додека друг напаѓа. Цела средба. Не загубивме ништо, освоивме бод на „Олд Трафорд“. Toa e toa. Одиме понатаму“, изјави Клоп.

Веднаш следеше интересна реплика на Мурињо.

„Манчестер Јунајтед беше лимитиран и играше со играчи кои ги имаше на располагање. Ги искористија сите можности. Клоп се жали затоа што никогаш досега не победил на „Олд Трафорд“. Мислам дека не му се допадна менито. Сакаше месо, а доби риба“, во свој стил изјави Мурињо.

Ливерпул и со ремито во Манчестер останува лидер на табелата, но не успеа да ја продолжи победничката серија во англиската елита и застана на осум победи.