• Саше Љолес
Португалецот Жозе Мурињо стапил во контакт со неговиот сонародник Кристијано Роналдо и разговарал со него околу можноста за евентуална преселба во Фенербахче идната сезона.
Роналдо наскоро ќе има полни 40 години, но нема намера да запре со играњето фудбал, а неговиот договор со Ал-Наср е со важност до следното лето. Фенербахче сигурно не може да му ја понуди платата од 200 милиони евра по сезона, но Мурињо се обидел да го убеди славниот играч да се пресели во Истанбул и евентуално да ја заврши својата кариера токму во Фенербахче.
Турските медиуми пишуваат дека повикот од Мурињо значи негово сигурно останување во Турција, иако постојано има шпекулации дека стратегот би можел наскоро да го напушти Фенер. Навивачите на гигантот немаат ништо против трансфер на Роналдо во Истанбул и ќе му дадат огромна поддршка, без оглед што тој веќе е на залезот од кариерата.
Дали Роналдо сака да се пресели во Турција за многу помала плата, останува да видиме во периодот што следи. Португалската ѕвезда соработуваше со Мурињо од времињата кога двајцата беа во шпанскиот гигант, Реал Мадрид.