Мурињо го брани Смолинг по стартот врз Меси: Тој е висок, голем, со долги раце...

Крис Смолинг се најде во центарот на вниманието по прекршокот врз Лионел Меси на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона, по кој Аргентинецот заврши со крвав нос и мораше да му биде дадена лекарска помош.

Јавноста го осуди Англичанецот, но тоа не беше случај и со Жозе Мурињо, кој застана во одбрана на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед.

„Таа ситуација што се случи на „Олд Трафорд“ не е ништо специјално. Може да се случи секому. Смолинг е висок, голем фудбалер, има долги раце. Мислам дека немаше никаква намера да го удри Меси“, изјави Мурињо.

Поради прекршокот на натпреварот против Манчестер Јунајтед, Меси ќе мирува еден натпревар во Примера, а можно е на реваншот на „Камп Ноу“ против „ѓаволите“ да игра со специјална маска, како заштита.