Мурињо ги пронајде „виновниците“ за поразот на Бенфика од Баер Леверкузен

Португалската Бенфика бележи сериозна криза во Лигата на шампионите, каде на последните три натпревари впиша исто толку порази, и тоа без ниту еден постигнат гол. 

Тренерот Жозе Мурињо беше незадоволен после поразот од Баер Леверкузен (0-1) и упати критики за дел од играчите. 

„Клучот за овој пораз лежи во нашите пропуштени шанси. Некои играчи мора да сфатат дека шансите треба да се реализираат, затоа што во ова натпреварување немаме многу можности за поправен испит. 

Ако го анализирам мечот, можам да кажам дека тимот играше добро без топка, но на моменти имавме проблеми во транзицијата и во нападот. Ни недостасуваше вистинска завршница на акциите, ќе мора да работиме на тој сегмент“, изјави Мурињо. 

Бенфика во моментов е претпоследна на табелата во Лигата на шампионите, со само два постигнати гола на четири натпревари. 

ФОТО/PHOTO: Benfica SL