ВИДЕО: Мурињо ги „нападна“ успесите на Фергусон за да се одбрани од критиките

Мурињо Фергусон

Светските медиуми имаат што да пишуваат во последните неколку недели, особено по отказот на Жозе Мурињо на клупата на Манчестер Јунајтед.

Португалецот е тема број еден и често мета на критика, на која што тој одговори со споредба на неговите и достигнувањата на Сер Алекс Фергусон во најтрофејниот англиски клуб.

„Јас сум млад тренер. Во оваа професија сум долги години, но немам 75, туку само 55 години. Во претходниот клуб освоив европски трофеј во само две години, а не во 20. Освоив титула во англиски Куп во две сезони, не во 20. Бев вицепрвак во Премиер лигата по само шест месеци, не по шест години. Стигнав до две финалиња во ФА Купот во неколку месеци, а не по долги години“, беа зборовите на португалскиот стратег.

За услугите на Мурињо сериозно беше заинтересирана Бенфика, но тој отфрли секаква можност да застане на тренерската клупа на португалскиот гигант.