• Иван Димовски
Жозе Мурињо не успеа да ги задржи емоциите и пушти солзи за време на минутата молк пред мечот на неговата Бенфика против Виторија Гимараеш во португалскиот шампионат.
Пред натпреварот му се оддаде почит на поранешниот соработник Силвини Лоуро. Станува збор за помошник тренер со кој Мурињо работеше дури 18 години од 2000 до 2018.
O minuto de silêncio por Silvino. pic.twitter.com/N845kdB1n0
— SL Benfica (@SLBenfica) March 21, 2026
Лоуро беше тренер на голмани во сите клубови на Мурињо, па тие заедно во тој период работеа заедно во Порто, Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед и Интер. Двојката заедно освои 23 трофеи, од кои два во Лигата на шампионите, три во Премиер лигата и по еден во Лигата на Европа и поранешниот Куп на УЕФА.
Што се однесува до натпреварот, Бенфика славеше сигурно со 3-0 со головите на Престијани, Павлидис и еден автогол.







