Мурињо експресно ја одбил понудата да ја преземе Бенфика

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо ја одбил понудата да се врати и да ја преземе Бенфика, која вчера го отпушти Руи Виторија и е во потрага по шеф на стручниот штаб. 

Отпуштениот стратег од Манчестер Јунајтед не сака да се врати и да работи во татковината и нема да слуша било каква понуда. Иако најтрофејниот португалски клуб имаше намера да му понуди плата која никогаш никому не му понудила, сепак „специјалниот“ има други планови.  

55-годишниот Жозе Мурињо кратко ја водеше Бенфика во 2000 година, но заради недоразбирања со управата експресно си замина.