„Мурињо е лажго и направи будали од сите нас“

Поранешниот босански фудбалер, Елвир Баљиќ, остро го критикуваше Жозе Мурињо и смета дека неговата работа во Фенербахче покажува дека тој нема квалитет да го одведе тимот до посакуваните успеси. 

Баљиќ во кариерата играше во повеќе турски клубови и добро ја познава ситуацијата во првенството, а овој пат не бираше зборови и го нарече Мурињо „лажго“. 

„Мислам дека Мурињо успеа сите да ги излаже. Дојде во Истанбул за голема плата и од него се очекуваа големи успеси. Гледам дека тој нема квалитет за такво нешто, одамна веќе не е добар тренер како порано. 

Направи будали од сите нас, но мислам дека клубот нема уште долго да го толерира. Очекувам следната сезона да гледаме друг тренер на клупата на Фенербахче“, рече Баљиќ. 

Овие коментари доаѓаат после поразот на Фенербахче од Бешикташ, со што практично ги загуби шансите за освојување на шампионската титула.