Мурињо е голем: Детето што беше „асистент“ за гол во ЛШ доби ручек-дружба со ѕвездите!

Жозе Мурињо е решен да остави одличен почетен впечаток во екипата на Тотенхем. Откако момче што е задолжено за собирање на топки покрај теренот, брзо реагираше и беше „асистент" на голот против Олимпиакос, Мурињо го поздави за тој потег. 

Младото момче, Калум Хајнес беше повикано да се запознае со екипата на ручекот пред мечот со Борнмут и многу се израдува на дружбата со фудбалските ѕвезди на „петлите“.

15-годишникот беше поздравен за својот потег од екипата, а со сигурност ова е исполнување на сонот за него,

Ситуацијата на „Вајт Харт Лејн“ се случи во 49. минута кога момчето брзо му додаде на Орие, овој ексресно ја врати топката во игра, а во продолжението на акцијата Лукас Моура додаде до Хари Кејн, кој постигна гол за 2-2.

Мурињо тогаш отиде лично да му се заблагодари на момчето, го прегрна и го бакна, на одушевување на сите присутни на стадионот на Тотенхем.