Мурињо доби роденденски подарок, уште една ѕвезда во Фенербахче

Екипата на Фенербахче се засили во зимскиот преоден рок и потпиша договор со искусниот бразилски фудбалер Талиска кој по шест години се враќа во европскиот фудбал.

30-годишниот офанзивен играч за врска во 2019 година од Бенфика замина во Кина каде го облече дресот на Гвангжу Евергранде, а во 2021 година беше еден од првите звучни играчи кои се решија на трансфер во Саудиска Арабија.

Тогаш, Талиска потпиша за Ал-Наср, каде играше до денес. Од денес, тој е член на турски Фенербахче, каде доаѓа по барање на тренерот Жозе Мурињо кој тукушто го прослави својот роденден, а доби и подарок од управата.

Талиска претходно има настапувано во турскиот шампионат, во Бешикташ.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.