Мурињо доби подарок од Мектоминеј: Поради него го седнав Погба на клупата! 

Бенфика славеше против Наполи во дуелот од Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо ја доби својата мала битка против Антонио Конте. По натпреварот во Лисабон, Португалецот откри дека добил соодветен подарок од својот поранешен играч од деновите во Манчестер, Скот Мектоминеј.

„Имаш нешто во твојата торба, дали е подарок за нас?“ го праша Португалецот еден новинар на прес-конференција.

Мурињо му одговори во свој стил и ја насмеа насобраната новинарска екипа од Португалија и Италија.

„Тоа е дресот на Мектоминеј. Го ставив Погба на клупа поради него. Најмалку што можеше да направи беше да ми го даде дресот“, објасни секогаш хумористичниот Мурињо.

Мектоминеј, по заминувањето од Манчестер Јунајтед, блеска во дресот на Наполи и минатата сезона беше избран за најдобар играч во Серија А.