ВИДЕО: Мурињо бурно славеше, Тотенхем му подари победнички кам-бек во ПЛ

Тотенхем одново не успеа да одигра натпревар без примен гол, но прокнижи три бода кај Вест Хем (2-3) во 13. коло од Премиер лигата. 

  • Извештај од натпреварот: 

Ова беше деби за Жозе Мурињо на клупата на „петлите“, три дена откако беше поставен за менаџер на клубот од Северен Лондон. Неговите фудбалери не разочараа и одиграа еден од подобрите дуели во новата сезона.

За неколку минути во првото полувреме се чини беше решено прашањето околу победникот. Хеунг Мин Сон го отвори резултатот во 36. минута, а пред самиот судиски свиреж за пауза, предноста ја зголеми Лукас Моура. Асистент за вториот гол на гостите беше корејскиот напаѓач.

По два меча пауза, во листата на стрелци се запиша Хари Кејн. Орие центрираше, а најдобриот фудбалер на Тотенхем со глава ја заби топата во голот на Роберто. Радост и надеж за „чеканите“ донесе Михаил Антонио во пресрет на последните 15 минути, а Огбона во надополнувањето го постави конечниот резултат.

Мурињо тргна победнички со новата екипа, трета за него во Премиер лигата. Позитивната серија ќе се обиде да ја продолжи во следното коло на домашен терен против Борнмут.