ФОТО: Мурињо бира играчи за моќен Тотенхем, ама ќе го гради бесплатно

Португалскиот стратег Жозе Мурињо разговарал со управата на Тотенхем околу нови играчи, но добил препорака за време на летниот преоден рок да носи звучни имиња само како слободни играчи.

Медиумите од Островот велат дека главна причина за таквата одлука на „петлите“ е финансиската криза која го стресе светот поради пандемијата со коронавирусот. Мурињо ќе може да бира, а во продолжение погледнете кој играч на која позиција е слободен.

Меѓу играчите има имиња како Дриес Мертенс од Наполи, Вилијан од Челзи, Бонавентура од Милан, Геце од Дортмунд, Лалана од Ливерпул, Куразава и Муние од ПСЖ...

Мурињо само ќе треба да одбере, а играчот да ги каже условите за трансфер во премиерлигашот.