Мурињо бил прва опција за Реал, дури и пред Карло Анчелоти?

Мурињо Реал

Реал Мадрид наводно направил обид да обезбеди сензационален кам-бек на Жозе Мурињо.

Португалецот била прва желба на Флорентино Перез, пред доведувањето на Карло Анчелоти. По разделбата со Тотенхем, трофејниот стратег експресно пронајде работа во Италија и седна на клупата на Рома.

Мадриѓани беа свесни дека Зидан планира да си замине. Поради тоа започнаа да бараат решение, но добија негативен одговор од португалскиот тренер, кој наводно не бил заинтересиран за враќање во шпанската престолнина.

58-годишниот Мурињо потпиша тригодишен договор со калчолигашот и најавува дека е возбуден за проектот кој го има пред себе.