Мурињо: Ако кажам што мислам за ланското финале во ЛЕ, ќе добијам суспензија

Финалето во Лига Европа минатата сезона заврши со добро познат крај - Севиља по пенали ја совлада Рома и го крена трофејот. Сепак, овој натпревар понуди контроверзии, особено за играта со рака на Фернандо, која англиските судии не го гледаа како пенал, иако имаше многу елементи за такво нешто. 

Жозе Мурињо беше бесен на судијата Ентони Тејлор, по натпреварот дури го „бркаше“ на паркинзите под стадионот и му упати низа навреди за кои УЕФА отвори и постапка. Ниту неколку месеци подоцна, Португалецот не го преболел овој пораз во Лигата на Европа. 

„Што се однесува до Рома - Севиља... Ако кажам што мислам за тој натпревар, ќе добијам суспензија од десет натпреварот“, изјави „Специјалниот“.

Севиља го крена трофејот, ситуацијата помина и веќе е доцна за било што.