• Зоран Мишевски

Четврти пат оваа сезона Реал Мадрид победува со голови во последните минути, а третпат во судиското надополнување.
По драматичната победа на Реал Мадрид над АЕК Атина со 2-3 во рамките на Лигата на шампионите, тренерот Жозе Мурињо го истакна карактерот и реакцијата на својата екипа во критичните моменти од натпреварот:
„Игравме против исклучително тежок противник кој одигра подобар натпревар од било кога досега. Беа одлично организирани, вршеа притисок и беа компактни во одбраната.
Сепак, во двата критични моменти, кога губевме со 1-0 и 2-1, знаевме како да реагираме, да покажеме карактер и да бркаме резултат. На крајот, победи екипата со поголем индивидуален квалитет, благодарение на оној фантастичен гол на Валверде. Вакви натпревари во последните минути... само ние можеме да ги победиме. Играчите покажаа огромна храброст“, рече Португалецот.
„Кралевите“ се на врвот на табелата во Лигата на шампионите со 12 бода, исто колку и ПСЖ.








