ВИДЕО: Муриел со два гола ѝ донесе победа на Аталанта

Аталанта ја прекина кризата во калчото и со триумф над Кротоне (1-2) скокна на второто место на табелата во Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

„Божицата“ имаше два незгодни порази во низа од Сампдорија и Лацио, ама и покрај сите проблеми одговори на солиден начин. Човек на натпреварот беше одличниот Луис Муриел, кој беше двоен стрелец.

Колумбискиот шпиц првиот погодок го постигна во 26. минута по асистенција на Малиновски, додека вториот падна во 38. минута по додавање на Фролер. Пред крајот на првиот дел Сими намали на 1-2 и тоа беше конечниот резултат.

Аталанта во следната рунда ќе биде домаќин на Интер, додека фенерџијата Кротоне го чека дерби на дното со Торино.