ВИДЕО: Муричи го скокна Ето и стана најдобар стрелец во историјата на Мајорка

Фудбалерите на Мајорка остварија убедлива победа од 3-0 против Рајо Ваљекано во рамките на 31. коло од Ла Лига, продолжувајќи ја добрата форма по триумфот над Реал Мадрид во претходната рунда.

  • Извештај од натпреварот:

Главен херој на натпреварот повторно беше Ведат Муричи, кој постигна два брзи гола во 36. и 40. минута, практично решавајќи го прашањето за победникот уште пред паузата. Со овие два гола Косовецот го мина Самуел Ето на „вечната листа“ и со 55 гола стана најдобар стрелец во историјата на Мајорка.

Во второто полувреме, домаќините ја потврдија доминацијата. Во 65. минута, по одлична акција, Пабло Торе асистираше до Јан Вирџили, кој го постави конечниот резултат од 3-0.

Со новите три бода, Мајорка стигна до 34 бодови и се искачи на 15. позиција на табелата, израмнувајќи се со Севиља. Веднаш зад нив се Алавес со 33 бода, додека Елче е првиот тим под линијата со 32 бодови.