ВИДЕО: Мура со гол во 94. минута го „тресна“ Тотенхем на Конте во КЛ

Фудбалерите на Мура се изборија за големо изненадување во Конференциската лига, откако на свој терен го „траснаа“ големиот Тотенхем и ја впишаа првата европска победа оваа сезона (2-1). 

Словенечкиот тим, кој меѓународните натпревари ги започна со елиминација на Шкендија во квалификациите за ЛШ, по четирите порази во низа, конечно ги израдува своите фанови и тоа со херојска победа на англискиот гигант. 

  • Мура - Тотенхем 2-1:

Хорват уште во 11. минута го стави лондонскиот тим во проблеми, кои во 32. минута станаа поголеми, откако Сесињон доби црвен картон. Сепак, лондончани и со играч помалку преку Кејн израмнија на 1-1, во 72. минута, но во пред самиот крај „џокерот“ Мароса ги врати насмевките кај домашните фанови и донесе голема победа на својата екипа од 2-1.

Во рамки од групата Г, Рен го освои посакуваниот бод за следна фаза и одигра 3-3 против Витесе, па така Тотенхем во последното коло ќе мора да слави над Рен и да се надева дека холандскиот тим ќе остане без трите бода против Мура.