Муњоз заборави дека има ВАР: Удри противник со лакт во гради и „поцрвене“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Колумбија се пласираа во финалето на Копа Америка, откако во полуфиналето ја совладаа селекцијата на Уругвај со 0-1. 

Сепак, во мечот за трофејот ќе го немаат првиот десен бек на тимот Даниел Муњоз. Причината е црвениот картон кој фудбалерот го доби против Уругвајците. По еден дуел, Муњоз како да заборави дека има ВАР на Копа Америка, па во движење со лакт во гради го удри Мануел Угарте

  • Ударот на Муњоз со лакт:

За оваа ситуација судијата Рамос му покажа црвен картон. Така, Муњоз нема да може да ѝ помогне на Колумбија в понеделник против Аргентина.

Состави

Марсело Биелса

4-4-2

    Nestor Gabriel Lorenzo

    4-3-3