ВИДЕО: Мунир ја замолкна Прага со волеј од 30 МЕТРИ за насловни шпици

Мунир

Вистинско голгетерско шоу приредуваат фудбалерите на Севиља и Славија Прага кои по еден час игра постигнаа четири гола, по два во секоја мрежа.

Последниот е вистинско ремек-дело на младиот Мунир Ел-Хадади. Поранешниот фудбалер на Барселона испрати неодбранлив шут од далечина кој ќе кандидира за најубав во осминафиналната фаза во Лига Европа.

Погледнете го прекрасниот погодок:

Шпанецот постигна погодок и на првиот меч на „Рамон Санчез Писхуан“, а со денешниот го израмни резултатот на 2-2 и ја врати својата екипа во игра за четвртфиналето.