ВИДЕО: Мунир го освои Билбао, Севиља на чекор до место во ЛШ

Севиља се наоѓа на чекор до Лигата на шампионите, откако со одлично второ полувреме го совлада Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“ со 1-2 (1-0). Со овие три бода екипата на Лопетеги уште за време на викендот можат да се радуваат за математичка потврда за враќање во најелитното европско клупско натпреварување.

  • Победоносниот гол на Мунир против Атлетик Билбао:

Натпреварот со прекрасни голови го отвори Капа во 28. минута со прекрасен погодок од мртов агол. Младиот голман Боно, кој го замени повредениот Вацлик, не можеше ништо да стори и екипата на Гаритано заслужено поведе. Сепак, како и против Реал Мадрид, играта на Атлетик Билбао падна во вториот дел и во интервал од четири минути гостите постигнаа два гола.

Најнапред, Евер Банега од слободен удар во 70. минута го префрли живиот ѕид и го матира Унаи Симон за израмнување (1-1). Само четири минути подоцна, Мунир Ел Хадади ја потврди одличната форма и донесе голема победа за гостите од Андалузија (1-2). Стрелецот на победоносниот погодок ризикуваше во финишот, кога го повлече Ињиго Мартинез, но ниту судијата, ниту ВАР собата не интервенираше.

Ова е прва победа на Севиља во Билбао по единаесет години и со 63 бода се израмни со Атлетико Мадрид на делба на третото место на табелата во Примера на три кола до крајот. Она што е поважно за Лопетеги е дистанцата од шест бода пред Виљареал