ВИДЕО: Муние ги шокира Англичаните со експресно белгиско водство

По само четири минути Белгија поведе против Англија со 1-0 во малото финале на Мундијалот на „Крестовски“ во Санкт Петербург. Чадли се проби по левата страна и несебично по земја центрираше, а Томас Муние, кој се врати во тимот по неиграњето против Франција, со реакција на роден стрелец ја погоди мрежата на Пикфорд.

Белгија веќе ја совлада Англија со 1-0 со голот на Аднан Јанузај, во натпревар од групната фазa.

Англичаните играат со изменет тим и со петмина новајлии за разлика од полуфиналето против Хрватска.