„Мундо Депортиво“ открива: Барса сака големи промени на дресовите за следната сезона

Добро упатениот „Мундо Депортиво“, барем кога се работи за новитетите во Барселона, на својата насловна страница објави фотографии од наводните планови на клубот за следната сезона. 

Се работи за трите гарнитури на дресови, кои според најавите на медиумот би изгледале навистина импресивно. Првиот дрес би добил потемна сина боја, со црвени линии, додека вториот специфична жолта со добра текстура.

Третата комбинација која „Мундо Депортиво“ ја најавува е светло сива боја на дрес, со црвен крст на предниот дел во црвено-сина комбинација. Сепак, до објавувањето на гарнитурата за следната сезона 2022/23 има доста време, но дефинитивно доколку Барса се реши за вакви комбинации, нема да погреши.