• Мартин Танасковски
Голманот на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Возиња, би можел да направи голем трансфер во американската МЛС лига.
Според последните информации, Интер Мајами покажува сериозен интерес за искусниот чувар на мрежата и веќе ја разгледува можноста да го ангажира во текот на летниот преоден рок. Дејвид Бекам, првиот човек на клубот, веќе стапил во контакт со голманот и тоа по мечот од 1/16-финалето меѓу Аргентина и дебитантот.
Возиња остави одличен впечаток со своите настапи на Светското првенство 2026, каде што беше еден од најзаслужните за историскиот успех на Зеленортските Острови. Со неколку спектакуларни интервенции, особено против Аргентина, искусниот голман го привлече вниманието на бројни клубови.
Доколку преговорите завршат успешно, Возиња би можел да стане нов соиграч на Лионел Меси, Луис Суарез и останатите ѕвезди на Интер Мајами, што би претставувало најголем трансфер во неговата кариера.






