• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Канада направи голем успех и патува на Светското првенство (СП) кое во месец ноември и декември ќе се игра во Катар.
Популарните „црвени“ вторпат во историјата ќе играат на светскиот собир. Канада во Торонто го декласира тимот на Јамајка (4-0) и така обезбедија место на светската сцена.
Ова е првпат по 1986 година Канада да игра на Светското првенство. Најголема ѕвезда на националниот тим е Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.
- Извештај од натпреварот:
Канадскиот фудбал е во експанзија во последните години. Од квалификациите во Северна Америка, покрај Канада, уште две селекции ќе патуваат на СП 2022.