Мундијалот доби дебитант: Узбекистан ќе игра на СП 2026

Светското првенство (СП) во 2026 година доби уште еден учесник, тоа е селекцијата на Узбекистан, која преку азиските квалификации дојде до виза за големиот собир.

Ова е првпат во историјата на земјата, Узбекистан да игра на едно Светско првенство. Историјата се испиша со ремито против селекцијата на ОАЕ, откако мечот заврши 0-0 и тимот го освои второто место во квалификациската група.

Узбекистан патува на СП 2026 заедно со Иран од таа Група А. Покрај двете азиски селекции, на шампионатот се уште Мексико, САД и Канада како домаќини на настанот, како и Јапонија, Аргентина и Нов Зеланд.

ФОТО: FIFA World Cup / Facebook