Мундијал на секои две години? 166 членки на ФИФА гласаа „за“

Светското првенство во фудбал се одржува на секои четири години, но би можела да настапи промена и големиот фудбалски настан да го гледаме на секои две години.

Саудиска Арабија го постави овој предлог, а ФИФА го стави на гласање. Вкупно 166 членки од 188 кои се дел од ФИФА гласаа „за“, што значи дека светската куќа на фудбалот во иднина може да разгледа промена на календарот.

Мундијалот од 2026 година ќе биде проширен и дел од него ќе бидат 48 репрезентации, дури шеснаесет повеќе од досегашните изданија. Првенството ќе се игра во Канада, Мексико и САД.