• Саше Љолес
Екипата на Рајо Ваљекано со пресврт славеше победа над Осасуна на домашен терен и со конечни 3-1 (0-1) дојде до трите бода во натпреварот од петтото коло во шпанската Примера.
- Извештај од натпреварот:
Потегот на мечот го имаше Абдул Мумин, кој во 50. минута постигна фантастичен и ретко виден погодок за израмнување на резултатот, а водството за домаќините го донесе Андреј Ратиу, кој исто така постигна убав гол шеснаесет минути подоцна.
Осасуна водеше по првите 45 минути, стрелец на голот беше Раул Гарсија, но гостите не успеаја да ја задржат предноста и се враќаат дома со празни раце. Победата ја потврди Унаи Лопез, кој ги постави конечните 3-1 длабоко во судиското надополнување, поточно во 95. минута. Дебитантски настап во дресот на Рајо имаше и повратникот во Примера, Хамес Родригез, кој втрча на теренот во 86. минута.
За тимот од Ваљекас ова е прв триумф по два последователни порази, додека Осасуна останува на седум бода, доволни за единаесеттата позиција на табелата.