• Горан Упале
Јусуфа Мукоко и Џесик Нганкам промашија пенали во ремито 1-1 на селекцијата на Германија до 21 година против Израел на почетокот на Европското првенство. Поради тоа младите фудбалери беа навредувани расно на социјалните мрежи.
„Кога победуваме, сите сме Германци. Кога ќе загубиме, доаѓаат овие мајмунски коментари. Џесик ги доби, јас ги добив. Тоа нешто едноставно не припаѓа во фудбалот. Не промашивме затоа што сакавме, само се обидуваме да му помогнеме на тимот. Кога добивате такви пораки, тоа е одвратно. Овој пат пораките болар“, изјави Мукоко, кој е роден во Камерун.
Нападите ги осуди и селекторот Антонио ди Салво.
„Не можете да контролирате сè на Интернет, но дефинитивно треба да има казна. Овие навреди се апсурдни. Тоа се момци кои сакаат да играат за Германија, кои се Германци и даваат сè од себе за земјата“, изјави Ди Салво.
Вториот натпревар Германија на Европското првенство во Грузија ќе го одигра в недела од 18:00 часот против Чешка, која во првото коло беше поразена од Англија со 2-0.