• Иван Димовски

Фудбалерите на Струга Трим Љум ќе гостуваат кај Работнички во рамките на 24. коло на ПМФЛ. По диригентска палка на новиот тренер Шпетим Дуро, стружани го добија дербито со Шкупи, но минатиот викенд кикснаа и одиграа „нула“ против Македонија Ѓорче Петров.
Сега, пред лидерот е пресметка со „романтичарите“, која ја најави играчот Сухел Мухареми.
„В сабота се соочуваме со Работнички, многу непријатен тим. Сепак, сметам дека имаме сили да дојдеме до трите бода на овој меч. Работевме одлично како група, верувам дека сме подготвени да го дадеме максимумот за нова победа со која би се задржале на првата позиција“, кажа Мухареми.
Струга Трим Љум има 43 бода на врвот на табелата, два повеќе од Шкупи, а пет повеќе од третопласираната Шкендија.