• Горан Упале

Фудбалскиот клуб Шкупи се пофали со уште едно ново име во своите редови. Чаирчани се засилија со Сухејл Мухарем, 23-годишниот офанзивен играч за врска кој потпиша договор со македонскиот прволигаш.
Мухарем своите први фудбалски чекори ги направи токму во Шкупи, каде беше дел од младинската школа на клубот, а потоа ги бранеше боите на Ренова, Работнички и Струга Трим Лум во Македонија. Негов последен клуб е косовскиот Фероникели, каде што настапуваше во последните шест месеци.
„Добредојде таму каде што сè започна, Сухејл Мухарем. Овие бои ги носеше со гордост. Замина како еден од нас. Сега се враќаш — не само како фудбалер, туку како дел од семејството. Приказната продолжува… и ова поглавје ќе биде уште посилно. Еднаш Шкупи, засекогаш Шкупи“, објави клубот на социјалните мрежи.
Шкупи е доста активен на трансфер пазарот ова лето со цел да состави компетитивен тим кој ќе го подобри ланскиот лош пласман во ПМФЛ.