• Саше Љолес
Диего Симеоне и стручниот штаб во Атлетико Мадрид се задоволни од настапите на Клемент Ленгле, кој минатата сезона играше како позајмен фудбалер од Барселона.
Тренерот на „јорганџиите“ сака да го задржи во своите редови, но проблем е договорот со Барса кој истекува дури во 2027 година. Атлетико сака да потпише договор со него, но само во случај ако не треба да плаќа никаква отштета.
Симеоне мудро ја чека Барселона да му понуди раскин на соработката, а Ленгле прифатил едногодишна компензација во висина од осум милиони евра. Доколку остане во Барселона, ќе има загарантирана дупло поголема сума, но Барса работи на случајот и многу е веројатно дека играчот ќе остане во Мадрид.
Атлетико и „Чоло“ Симеоне веќе неколку пати вака ја „изиграа“ Барселона при трансферите на Давид Виља, Луис Суарез, Антоан Гризман и Мемфис Депај.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.